Политика за приватност

КОИ СМЕ НИЕ
Почитувањето на приватноста на поединците, вклучително и заштитата на личните податоци, е од суштинско значење за нас. Ние сме посветени на заштита на личните податоци и гарантирање на безбедност и доверливост.
Ние сме Евофарма АГ Претставништво Скопје, дел од групацијата Евофарма. Нашата адреса е Антон Попов 1-2/3 Скопје, Северна Македонија.

Нашите информации за контакт се: info@ewopharma.mk Телефон: +389 2 511 35 99 Податоците за лицето одговорно за заштита на личните податоци ( Офицер за заштита на лични податоци) се Антонио Николоски, dpo@ewopharma.mk .

Офицерот за заштита на лични на податоци на Групацијата може да се контактира на j.jameson@ewopharma.com


Кои лични податоци ги обработуваме?
Вашите податоци ги собираме и понатаму ги обработуваме во согласност со прописите, што го регулираат подрачјето за заштита на личните податоци. Доколку склучите договор со Евофарма АГ Претставништво Скопје ние ќе собираме лични податоци од вас како резултат на тој договор.
Доколку сме соработувале во минатото со вас или можеби ќе соработуваме со вас, ние ќе ги чуваме вашите лични податоци како дел од нашата листа на клиенти врз основа на легитимни интереси за кои би очекувале да добиеме податоци на овој начин и дека нашите интереси се усогласени.

Кога добиваме ваши лични податоци?
Ако добиете исплата или нешто друго во вредност од Евофарма АГ Претставништво Скопје ќе ги зачуваме вашите лични податоци согласно барањата за известување во рамките на иницијативите за транспарентност кои се однесуваат само на здравствени работници. Ние, исто така, можеме да ги добиеме вашите лични податоци од трето лице. Третата страна треба да ги почитува законите за заштита на податоците. Доколку сметате дека тоа не е така, ве молиме контактирајте со нас. Како фармацевтска компанија, ние ќе ги чуваме личните податоци во врска со вашето здравје, во случај да го пријавите вашето лично искуство со некој од нашите производи, бидејќи ние сме предмет на законските прописи за фармаковигиланца (безбедност на лековите) и го следиме безбедносниот профил на производите согласно позитивните законските прописи во Република Северна Македонија. Сите податоци ќе бидат чувани со соодветен степен на доверливост и заштитени. Евофарма АГ Претставништво Скопје го задржува правото да ве контактира со цел обезбедување на дополнителна информација за вашето лично искуство со некој од нашите производи.
Ако аплицирате за работа кај нас, ние ќе ги задржиме вашите податоци во период не подолг од 6 месеци. Податоците ги чуваме со цел на регрутација во случај да се појави друга слична позиција за која би можеле да бидете ангажирани.


Обработка на лични податоци, врз основа на легитимни интереси

Во Евофарма АГ Претставништво Скопје, Скопје обработуваме лични податоци во одредени случаи и според категоријата на лицата врз основа на следниве легитимни интереси:
- Подготовка за посета на здраствен работник и преглед на претходно остварена посета
- Подобрување на деловната комуникација со маркетинг содржини
- Обезбедување на функционирањето на информатичките системи, безбедност на мрежата и информациите (спречување на настани, незаконски или злонамерни дела што ја загрозуваат достапноста, автентичноста, интегритетот и доверливоста на зачуваните или пренесените лични податоци и безбедноста на сродните ИТ услуги), спречување на неовластен пристап до информатичките системите на компанијата за осигурување и реагирање на компјутерски безбедносни закани и инциденти


Трансфери надвор од ЕВОФАРМА АГ ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ
Доколку Евофарма АГ Претставништво Скопје има договор со член на Европската федерација на фармацевтски индустрии, секоја од страните можеби ќе треба да ги пренесе личните податоци на здравствените работници. Вашиот формулар за согласност ќе содржи повеќе детали.
Доколку Евофарма АГ Претставништво Скопје е предмет на директно известување за барањата за трансфери на вредност на здравствените работници, Евофарма АГ Претставништво Скопје ќе ги задржи вашите податоци за известување во согласност со применливите закони. Каде што личните податоци од која било природа се пренесуваат надвор од Евофарма АГ Претставништво Скопје, Евофарма АГ Претставништво Скопје ги презема сите неопходни мерки за нивна соодветна заштита согласно законот за заштита на лични податоци. Доколку Евофарма АГ Претставништво Скопје ги пренесува личните податоци надвор од ЕЕЗ, ќе осигура дека претходно има добиено дозвола за преносот од страна на Агенцијата за заштита на лични податоци. Сите лични податоци собрани заради следење на безбедноста на лековите ќе бидат споделени во рамките на групацијата Ewopharma или со трети лица, како што се производители, носители на одобренија за ставање во промет на производот или здравствените власти, согласно ЕУ и локалната легислатива за фармаковигиланца (безбедност на лекови).


Колку долго ги чуваме податоците
Кога личните податоци се добиваат од вас врз основа на вашата согласност, тие ќе се чуваат само за тој временски период што е утврден во согласноста. Кога личните податоци се добиваат и се чуваат поради договорна неопходност, ќе се чуваат само додека трае договорот или друг временски рок утврден во договорот. Личните податоци кои се добиваат заради следење на безбедноста на лековите, извештаите се чуваат за период утврден со позитвните законски прописи, најчесто во период од најмалку 10 години по повлекувањето на производот во последната земја каде што производот се продава. За сите други ситуации, вашите лични податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно во согласност со применливиот закон, за решавање на спорови или строги критериуми развиени во рамките на групацијата за заштита на податоци. За специфични информации, ве молиме контактирајте не на dpo@ewopharma.mk .


Посетители на нашата веб страна
Кога некој ја посетува www.ewopharma.mk, користиме услуга од трета страна, Google Analytics, за собирање на стандардни информации и детали за начините на однесување на посетителите. Освен приближната локација (IP адреса), информациите собрани од Google Analytics се претежно анонимни податоци за сообраќајот, како што се информации за прелистувачот, информации за уредот и јазикот. Ние не собираме дополнителни информации, како што се вашата возраст, пол, интереси или податоци за банките. Собраните информации се користат за да се обезбеди преглед на тоа како луѓето пристапуваат и ја користат нашата страница, со цел да ја подобриме нашата услуга и корисничко искуство. Не се користи за дополнителни цели, како што се прикажување на оние кои пристапуваат до нашата веб- страница. Ако не контактирате преку нашата веб-страница, ние ќе ги користиме информациите единствено со цел да одговориме на прашања/жалби или предлози испратени од вас. По завршувањето на вашето барање, вашите лични податоци ќе бидат уништени.


Веб страна или услуги на трети лица
Можете да изберете да пристапите до некои веб-страници и услуги на трети лица преку нашата веб-страница. Евофарма АГ Претставништво Скопје не сноси одговорснот за политиките на приватност или за објавена содржина на други веб-страници. Треба да се информирате на нивните веб-страници за нивната политика за приватност. Имаме профил/страница на Facebook/LinkedIn/Instagram која се однесува на нашите производи. Кога ќе одберете да споделувате информации со Фејсбук, информациите што ги споделувате ќе бидат регулирани со нивните политики за приватност. Веб сајтовите на овие социјални мрежи, исто така, може да споделуваат информации со нас и може да објавуваат информации за вашата посета на нашата веб-страна кај нив. Можете да ги менувате вашите поставувања за приватност со Фејсбук.


Користење на колачиња од Евофарма АГ Претставништво Скопје
Колачињата се мали текстуални датотеки што се ставаат на вашиот компјутер од страна на веб-страниците што ги посетувате. Тие се широко користени за да се направат веб-страниците да функционираат поефикасно, како и да обезбедуваат информации за сопствениците на страницата.

Доколку сакате да ги подесите колачињата тоа можете да го сторите на следниот линк

Повеќе информации за колачињата на оваа веб страна можете да најдете на следниот линк  


Вашите права
Ако личните податоци во Евофарма АГ Претставништво Скопје се обработуваат врз основа на согласност, поединецот може во секое време привремено или трајно да ја отповика својата согласност за обработка на лични податоци; поединецот исто така може да се спротивстави на обработката на лични податоци што се однесуваат на него за целите на директен маркетинг или да побара пристап, дополнување, корекција, ограничување на обработка, пренесување или бришење на лични податоци или да поднесе приговор против обработка на лични податоци што се обработуваат во врска со него, со писмено барање испратено на адреса: преку dpo@ewopharma.mk. Вашето отповикување важи за во иднина и не влијае на обработката на лични податоци што била извршена пред Вашето отповикување. Ако се спротивставувате на обработката на лични податоци врз основа на нашите легитимни интереси, ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци освен ако не докажеме, во согласност со одредите на Законот за заштита на лични податоци, дека легитимните причини за обработка ги надминуваат Вашите интереси, права и слободи, или за остварување реализација или одбрана на правни барања. Исто така, би сакале да Ве потсетиме дека доколку сметате дека се прекршени прописите со кои се регулира заштитата на личните податоци, имате право да се обратите до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорен орган за заштита на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.


Ажурирање на политиката на приватност
Евофарма АГ Претставништво Скопје го задржува правото, повремено да ја ажурира оваа политика за приватност. Било какви измени во оваа политика за приватност ќе влезат во сила на денот на објавувањето на веб-страницата www.ewopharma.mk.
Препорачуваме сите поединци на кои оваа политика се однесува редовно да ја разгледуваат истата.

 

Информации за субјектот на лични податоци